понеделник, 14 јули 2025

Настаните „Живот и работа во Словенија“ ќе се одржат во Куманово, Прилеп и Охрид

За сите заинтересирани за живот и работа во Словенија, Заводот за вработување на Република Словенија ги организира истоимените настани, оваа недела, од денска до 19 јуни, во Куманово, Прилеп и Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

На настаните, покрај претставниците на Заводот за вработување, ќе учествуваат и истакнати словенечки работодавачи, од различни дејности како: производство, градежништво, транспорт и логистика, туризам и угостителство, здравство и социјална грижа и од други области.

Целта на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на сите оние кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.

Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот – денеска во Куманово, ресторан „Палас Гарден“, утре во Прилеп, хотел „Кристал Палас“ и на 19 јуни (четврток) во Охрид, хотел „Метропол“.

Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството и сл.

Групните презентации на сите локации ќе се одржуваат двапати дневно: во 12:00 и во 15:00 часот. Исто така, ќе биде овозможено и индивидуално советување со консултантите на Заводот. Претходна резервација за присуство на настаните не е потребна.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ