Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година тендерот за набавка на струја за домаќинствата ќе биде годишен, а не полугодишен како досега.
„Оваа година, бидејќи ќе биде годишен тендерот, нема да биде полугодишен како досега. Цената којашто ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко, бидејќи е дел од затворена седница на Владата. Така што бидете трпеливи ќе ја дознаете“, изјави Мицкоски.
Инаку ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив. Електричната енергија за домаќинствата ЕСМ ја продава по 62 евра за мегават час.






