„Наша обврска како држава е да обезбедиме соодветни услови за лекување и целосна поддршка за повредените. Во текот на вчерашниот ден ги посетив пациентите кои се лекуваат во Хрватска и Австрија. Разговарав со нивните семејства и лично се уверив во посветеноста на медицинскиот персонал кој се грижи за нивното закрепнување. Целокупните трошоци за престојот на семејствата се покриени од државата, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва имаат клучна улога во организацијата и реализацијата на медицинскиот третман, како и во поддршката на семејствата во странство“, објави Муцунски.
Тој се осврна и на неговите, како што напиша, остварени кратки средби со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман, на која присуствувала и министерката за здравство на Хрватска, Ирена Христиќ. Потоа, во Виена, имал билатерална средба со новата австриска министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајсингер. На средбите Муцунски изрази длабока благодарност за нивната поддршка, за понудената помош и за солидарноста што ја покажаа во овие тешки моменти за нашата земја.






