вторник, 17 февруари 2026

Населението во Македонија со средна возраст од 42,21 година, во ЕУ – 44,9

Средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година, а во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во споредба со 2015 година, средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора – 40,4 години, а постаро Албанија – 44,3 и Србија – 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска – 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 години од 2015 година кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и на Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и на Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ