„На 30 септември 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4,494 милиони евра (или 27,1 отсто од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67 отсто“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7 отсто од проектираниот БДП за 2025 година.







