„Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9 отсто по број и за 20,9 проценти по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6 отсто, а вредноста за 28,3 проценти. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3 отсто) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање“, информираат од НБ.
Нагласуваат дека се зголемува и користењето на платежните картички.
„Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4 отсто, а нивната вредност за 11,4 проценти. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8 отсто), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9 проценти). Овие податоци јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање“, прецизираат од Народната банка.






