понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Народен собир на Левица во Велес: Забраната за рекламирање ќе ја претвориме во предност

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица, се наведува во партиското соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица“, рече Крмов.

Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими.

„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“, кажа Крмов на собирот.

Тој предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите.

„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи“, порача Крмов.

И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност.

„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат“.

Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните.

„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ