среда, 17 декември 2025

Напаѓачот на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград, осуден за вандализам во Франција

Учесникот во нападот на Македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград, беше осуден во Франција за вандализам. Ако во Бугарија, нема правда – во светот – има! Еве, ваков тип на луѓе се оние кои ги оспоруваат основните човекови права на Македонците во Бугарија, се вели во објавата на Фејсбук – страната на ОМО Илинден – Пирин.

Објавено на

часот

Сподели

Четворица Бугари се осудени за вандализам врз Музејот на холокаустот во Париз, а еден од нив, Георги Филипов е учесник и во каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, во 2023 година.

Во објавата на ОМО Илинден – Пирин се приложени и линкови од известувањата за случајот со вандализам во Франција.

„Парискиот кривичен суд ги осуди Георги Филипов и Кирил Милушев на по две години затвор како сторители на делото, додека организаторите Николај Иванов и Мирчо Ангелов, кој е баран, добија четири години затвор и три години во отсуство, соодветно. Осомничените беа идентификувани преку анализа на снимки од безбедносните камери, телефонски линии, резервации за летови и хотели. Тројца од нив отпатуваа со автобус за Брисел на 14 мај, веднаш по инцидентот, а потоа со лет за Софија.

На судењето за вандализмот (мај 2024 година), Бугарите беа обвинети за сликање „црвени раце“ на споменикот – симбол што може да се поврзе со убиството на израелските војници во Рамала во 2000 година.

Во текот на трите дена во пространа судница со дрвени панели на северниот крај на Париз, случајот против тројца навидум незабележителни Бугари, кои седеа зад стакло и ги чуваа тројца полицајци кои изгледаа зафатени со своите мобилни телефони, се одвиваше среде возбудата и шепотењата на предавањето во библиотеката“, објави Би-Би-Си за случајот.

Директорот на Спомен-обележјето, Жак Фреже, потсети дека ова е „првиот антисемитски чин“ за кој институцијата се пожалила од нејзиното создавање во 1956 година.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ