сабота, 7 февруари 2026

Наместо уривање на ресторанот во Стенковец – пренамена во воздухопловен школски центар, предлага Аероклуб Скопје

Според соопштението на Аероклуб Скопје доо, в понеделник, на 9 февруари треба да биде урнат бесправно изградениот објект-ресторан на спортскиот аеродром Стенковец, покрај Скопје. Наместо уривање на објектот, од аероклубот ѝ предлагаат на Владата тој да биде пренаменет во возухопловен школски центар за обука на пилоти.

Објавено на

часот

Сподели

„Како совесни граѓани и содружници во Аероклуб Скопје доо, во 2025 година поднесовме две кривични пријави против поранешниот управител Дејан Саздовски, за сторени кривични дела ‘бесправно градење’ и ‘злоупотреба на службена должност’, согласно законите на Република Македонија. Објектот-ресторан на спортски аеродром Стенковец, Дејан Саздовски го изградил без градежна дозвола на државно земјиште и без соодветна одлука на содружниците на Аероклуб Скопје доо“, се наведува во соопштението на аероклубот.

Како што се информира во соопштението за изградба на објектот биле донирани и 100.000 евра од Европската Унија, а од аероклубот нагласуваат дека Република Македонија законски може и треба да го заплени објектот, кој сега вреди 1 милион евра. Но наместо уривање на објектот предлагаат негова пренамена.

„Наместо Владата да го урива објектот, в понеделник на 9 февруари 2026, може да  го намени за сопствени потреби, на пример за македонски воздухопловен школски центар, кој би можел да служи за обука на пилоти и други воздухопловни специјалисти, со оглед на актуелниот недостиг од таков кадар во Република Македонија.

Објектот е изграден на државно земјиште – зелена ливада и не претставува пречка за никого, ниту влијае врз нормалното функционирање на аеродромот или околината – повеќе од 5 години.

Владата може да избере:  багери или бесплатен јавен објект вреден 1 милион евра, погоден за образование, спортски активности за младите и унапредување на државната инфраструктура“, се порачува во соопштението на Аероклуб Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ