вторник, 23 декември 2025

Наместо притвор, битолскиот суд им одреди куќен притвор на двајца осомничени во новата истрага за РЕК Битола

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обовинителство (ОЈО) Битола за определување мерка притвор за двајца осомничени во новата истрага на обвинителството за случајот РЕК Битола, информираа вечерва од Јавното обвинителство (ЈО). ОЈО Битола денеска отвори нова истрага за работењето во РЕК Битола откако Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки. Претходно денеска ЕСМ преку соопштение информираше дека ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен во акцијата на МВР. Меѓу приведените е Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски“, фирма која со години добиваше милионски тендери за ископ на јаглен во РЕК Битола.

 

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо тоа судот определи мерка куќен притвор. Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на судот и ќе бара мерка ефективен притвор“, информираа од Јавното обвинителство.

ОЈО Битола денеска отвори нова истрага за работењето во РЕК Битола откако Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки.

Од Управата за финансиска полиција (УФП) информираа дека поднеле кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари.

Меѓу приведените е Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски“, фирма која со години добиваше милионски тендери за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Претходно денеска ЕСМ преку соопштение информираше дека ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен во акцијата на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ