Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата, Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.
„Користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директо придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Електричните возила се значително потивки од класичните, а според светските стандарди едно Car-Sharing возило заменува 10 до 15 приватни возила“, потенцира Меџити.
Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација.