среда, 24 декември 2025

Намалена видливост поради магла на патните правци Гајре – Попова Шапка и Штип – Неготино

Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Објавено на

часот

Сподели

Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ