среда, 1 април 2026

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на Плетвар

Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни.

На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење.

ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ