петок, 5 декември 2025

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои

Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму посочуваат дека ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ