вторник, 3 февруари 2026

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Во декември лани, пак, во споредба со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 отсто.

Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот рударство и вадење камен се намалил за шест отсто, во секторот преработувачка индустрија за 2,7 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите енергија за 2,5 отсто, капитални производи за 4,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 отсто и интермедијарни производи, освен енергија, за 1,8 отсто, а се зголемил во групата трајни производи за широка потрошувачка за четири отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ