вторник, 3 февруари 2026

Намален бројот на работници во индустријата за 3,5 % во 2025

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 %, објави Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во декември лани, пак, во споредба со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 %.

Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот – рударство и вадење камен се намалил за 6 %, во секторот – преработувачка индустрија за 2,7 %, а во секторот – снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите: енергија за 2,5 %, капитални производи за 4,3 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 % и интермедијарни производи, освен енергија, за 1,8 %, а се зголемил во групата – трајни производи за широка потрошувачка за 4 %.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ