Во секторот Рударство и вадење камен намалувањето е 6,3 %, во секторот Преработувачка индустрија 3,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, се намалил во групите Енергија за 2,4 %, Капитални производи за 4,5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %.






