понеделник, 22 декември 2025

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во мај годинава, во однос на мај лани е намален за 4,3 отсто . Во периодот јануари – мај 2025, пак, во споредба истиот период од 2024 година, нивниот број е помал за 4,1 отсто, објави Државниот завод за стастика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил за 2,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 4,5 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил во групите енергија за 3,2 отсто, капитални производи за  9,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто, а се зголемил во групите трајни производи за широка потрошувачка за 12,4 отсто и интермедијарни производи,освен енергија за 0,1 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ