Тие оваа недела се на подготовителен камп на Пониква, во хотел „Изгрев“, организиран од здружението „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).
Во „Винчини“ тие сами ги приготвија своите тортини, го посетија Едукативниот центар ги разгледаа производствените погони и одблиску ја видоа магијата на производството – од првата состојка до финалниот производ.

„Мак прогрес – Винчини“ веќе две години е верен спонзор на „Бистри умови“ и ЗИМ, обезбедувајќи производи за младите информатичари и придонесувајќи тие да имаат сила, енергија и инспирација да освојуваат медали за нашата земја.
Ваквите средби им даваат на младите не само знаење и искуство, туку и порака дека големите компании веруваат во нивниот талент и иднина.






