Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри на м2, 12 во Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Крушево и 1 литри на метар кубен во Охрид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.






