Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд 5 литри на квадратен метар наврна во Скопје-Петровец, 4 во Велес, 3 во Тетово, Прилеп, Тополчани, Попова Шапка и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Крушево и Маврови Анови, и по 1 литар во Охрид, Претор, Виница, Лазарополе и Пожаране. Највисока снежна покривка од 71 сантиметар има на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.






