Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека снежната покривка на Попова Шапка денеска изнесува 67 сантиметри.
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.






