петок, 16 јануари 2026

Најстудено утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка

До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, девет во Крушево, Маврови Анови.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од УХМР, -5 Целзиусови степени се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште.

До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, девет во Крушево, Маврови Анови.

Според синоптичарите, времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје исто така се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла. Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 Целзиусови степени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ