Како што соопшти УХМР, најмногу количини врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот наврнале во Охрид – 6 л/м2, 5 во Прилеп, 4 Крушево, Тополчани, 2 Битола и по 1 л/м2 во Маврови Анови и на Попова Шапка.
Снежна покривка од 61 см има на Попова Шапка и 3 см Крушево.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.






