Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), највисока измерена снежна покривка од 30 сантиметри утринава во 7 часот има на Попова Шапка, 11 во Маврови Анови, а 4 сантиметри се измерени во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.






