Во изминатите 24 часа до 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид од 5 л/м2, 3 во Маврови Анови, 2 Тетово, Демир Капија, Пожар и 1 л/м2 во Крива Паланка и во Крушево.
Снег со висина од 1 см е забележан во Крива Палнака, посочуваат од УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.






