понеделник, 16 март 2026

Најстудено изутринава во Берово, највисока температура измерена во Скопје

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус четири степени, а највисоката во  Скопје – Зајчев Рид, четири степени.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово се измерени минус четири степени, Маврови Анови минус два, минус еден степен е измерен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Kрушево, еден во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два во Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, три во Виница, Штип, Тополчани, Демир Капија и четири во Скопје-Зајчев Рид.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар.

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ