петок, 19 декември 2025

Најскапиот стан во скопски Центар продаден за 280.000 евра

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на скопската општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Според податоците на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава, просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во скопската општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327 денари.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Од евидентираните 937 продажби од инвеститор во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал, 845 се за станови, 89 за куќи, а две продажби на гаражи.

Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите, односно продажбите од инвеститор (стан, куќа, деловен простор, гаража и др.), од третиот квартал со вториот квартал од  годинава каде што се регистрирани 754 такви продажби се забележува раст за 183 проданени новоградби во третото тримесечие.

Исто така, ако се направи споредба на продажбата на новоизградени станови во овој квартал со вториот квартал од 2025 година каде што се регистрирани 676 продажби на станови  од страна на инвеститор, односно продажби на нови станови, тогаш се забележува раст во третиот квартал  од 2025 година, и тоа за 169 продадени новоизградени станови.

Доколку се разгледа купопродажбата на недвижностите по типови на купопродажба, може да се забележи дека најголемиот број купопродажби припаѓаат на купопродажби на станови, со  32  проценти. Во третиот во однос на вториот квартал од 2025 година има зголемување за 1 еден процент на купопродажбата на станови, односно во вториот квартал тие опфаќаат  31  процент од вкупниот број на купопродажби.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, 275 станови, а Битола е со најмногу продадени куќи, 71. Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош… Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83,…

Најмногу продажби на деловен простор има во општините  Аеродром и Центар каде што се продадени по 22 вакви недвижности.

Во периодот од 1 јули до 30 септември годинава, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 8.319 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 584 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Најголем број продажби се регистрирани во јули, 1.829 продажби, а најмногу закупи, 826, се имало во јули. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и друго) се регистрирани во септември, односно 370 продажби.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, односно 611, во општина Аеродром се регистрирани 515, во општина Карпош  440, општините Кисела Вода и Куманово се со по 349 трансакции и општина Битола 346 трансакции.

Според податоците на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава, просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во скопската општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327 денари.

Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36 проценти), по што следуваат закупите на деловни простори, 740 (34 проценти), на куќи, 300 (14 проценти). Закупите на земјоделско земјиште и шуми се 12 проценти од пазарот на закупи на недвижностите, односно евидентирани се 258 закупи на ваков тип недвижност.

Поголемиот дел, односно 70 проценти од закупите, припаѓаат на становите и деловните простори. Доколку се направи споредба на третиот квартал со вториот квартал од 2025 година каде што биле регистрирани 2.347 закупи, ќе се забележи дека во овој квартал има намалување за 163 закупи.

Доколку се разгледаат закупите по временска рамка, може да се заклучи дека најголем број закупи се регистрирани во јули, односно 826, додека најмал број закупи има во август 614, а во септември се регистрирани 744 закупи.

Во  третиот квартал се закупени недвижности со површина од 2.570.158 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 61.020.446 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар и тоа 296 закупи, во општина Карпош 197 закупи и во општина Аеродром 142 закупи. Во општините Арачиново, Вевчани, Зелениково, Јегуновце, Центар Жупа и Чучер Сандево не се регистрирани договори за закуп на недвижности, а има шест општини со по еден закуп.

Во периодот од 1 јули 2025 година до 30 септември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 8.319 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 584 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ