недела, 14 декември 2025

Најсериозните пожари и натаму се на планината Серта и во близната на Јасен (ВИДЕО)

Во Македонија активни се 9 пожари, а најсериозно и натаму се на планината Серта и во околината на резерватот Јасен.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи информира дека кај Јасен гаснењето е отежнато поради непристапниот терен во околината на селата Тажево и Брезница во Општина Македонски Брод. Вработените од Јасен се на линија за одбрана распоредени кај реката Оча.

Пожарот кој се разви вчера кај армиското стрелиште Пенуш кај Штип како крак на големиот пожар на Серта, денеска се движи во насока кон реката Брегалница. Од ЦУК велат дека се прават напори пожарот да се сопре на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, најави дека во текот денот ќе бидат ангажирани сите хеликоптери и авиони за ставање на пожарот под контрола од Пенуш до Криволак. Ангелов истакна дека од левата страна на планината Серта има уште две жаришта, едното над штипското село Пухче, а второт во неготинскиот дел.

За пожарот кај Серта, наспроти село Калањево, два ер-трактори се веќе на терен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ