Потоа, 22 литри на метар квадратен се измерени во Mаврови Анови, 14 – Тетово, 12 – Охрид, 8 – Попова Шапка, 6 – Претор, Лазарополе, 5 – Крушево, 4 – Гевгелија, 2 – Берово, Битола, 1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани.
Најстудено утрово било на Попова Шапка со -3 Целзиусови степени, а најтопло во Гевгелија, 6 степени.
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа повремено ќе бидат пообилни. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претпладне од јужен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.
За во Скопје најавено е облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени.






