Утрово најстудено е во Попова Шапка каде се измерени -3 степени Целзиусови, а најтопло во Гевгелија со измерени 8 степени Целзиусови.
Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 31 сантиметар и Маврови Анови 2 сантиметри.
Денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.






