петок, 23 мај 2025

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа, до 8 часот најмногу дожд наврнал во Охрид – 14 литри на метар квадратен, потоа во Битола, Кавадарци и Тополчани – по 12. Потоа следaт: Маврови Анови – 10, Берово – 9, Лазарополе и Попова Шапка – по 8, Штип – 7, Виница и Пожаране – по 5, Велес, Гевгелија и Тетово – по 3, Скопје-Петровец и Куманово – по 2 и по еден литар на метар квадратен во Струмица и Крива Паланка.

Објавено на

часот

Сподели

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР до 8 часот. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ