Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 литри на метар квадратен – л/м2). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 киломтери на час – км/ч), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.
Од АМСМ потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 е пуштен за сообраќај за возила до 3,5 тони.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.