вторник, 10 јуни 2025

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнало во Маврови Анови, а најмалку во Скопје, Куманово и Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврови Анови наврнале осум литри на метар квадратен, во Крива Паланка шест литри, во Петровец и Тетово четири, на Попова Шапка три, а на Зајчев Рид, во Куманово и во Велес два литри на метар квадратен.

Синоптичарите за денеска предвидуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, особено во источните и јужните делови, локално проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ