Утринава најстудено беше во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар каде е измерена температура од -1 степен Целзиусов, 0 во Пожаране и Крушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница, 3 во Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, 4 во Битола, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија и Скопје-Петровец, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 5 степени Целзиусови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Цезлиусови.






