Минималната утринска температура се движи од 4 до 14 Целзиусови степени.
УХМР и за денеска најави променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадаратен за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.






