Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд наврнал на Попова Шапка и во Пожаране од 62 литри на метар квадратен, потоа во 60 Претор, 53 Маврови Анови, 46 Лазарополе, Тетово, 34 Охрид, 33 Битола, 16 Крушево, 15 Берово, 14 Струмица, Радовиш – Пожар, Пожар, 13 Прилеп, 12 Тополчани, 11 Скопје-Зајчев Рид, 8 Кавадарци, 7 Ѓуриште, Демир Капија, 6 Велес, Виница, 5 Гевгелија, 4 Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Куманово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.






