недела, 7 декември 2025
Редовните контроли спасуваат животи

Најмладиот пациент со рак на простата во Штип има 36 години

Се зголемува бројот на мажи со карцином на простата во истокот, а најмладиот пациент има само 36 години.

Објавено на

часот

Сподели

Лекарите алармираат, болеста се почесто се појавува и кај помладата популација. Урологот во Клиничка болница-Штип, Венцо Шопов вели дека раното откривање е важно, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум може целосно да се излечи.

По повод месецот на машкото здравје, во болницата се организираат бесплатни прегледи и скрининг на пациенти. Апелот на докторите е јасен, редовните контроли спасуваат животи.

„Бројот на пациенти е постојано во пораст како дијагноза карцином на простата, а ние во последно време, бидејќи месец ноември е месец на машкото здравје, правиме скринизи. Ги правиме преку целата година, но овој месец ќе имаат бесплатни прегледи, за да порано се дијагностицира некои од промените кои доведуваат до рак на простата, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум, можеме скрос да го излечеме со оперативно лекување. Еден од карциномите каде што медицината има влијание голема. Најмладиот пациент го имаме оперирано 36 години, пред шест години. Го пронајдовме случајно преку испитување на туморски маркери за простата и кај момчето се покажа. Потоа направивме биопсија и испадна дека е карцином и го опериравме. Целата простата се извади“, изјави Шопов.

Новиот начин на живот, стресот, нервозата, пообилната масна исхрана, пушењето цигари, конзумирање алкохол се само дел од причините поради кои простата се јавува и кај помладата популација.

„Aпелот е да имаат секојдневна физичка активност, дали тоа e пешачење или тренинг“, вели Шопов.

Лекарите апелираат мажите над 50 годишна возраст да имаат  редовни контроли. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ