Веќе неколку години се зборува за можноста ИКЕА да отвори своја продавница во Македонија.
Шведскиот бредн ИКЕА е една од најголемите и најпознатите меѓународни компании со голема малопродажна мрежа за мебел. Во регионот ИКЕА е присутна во Грција, Бугарија, Србија, Хрватска…
Инвестицијата во Србија за стоковната куќа „Икеа – Белград Исток“ изнесуваше 70 милиони евра во продавница од 35.000 квадратни метри и повеќе од 400 нови работни мета. Во Хрватска во 2014 година вкупната инвестиција на овој шведски бренд изнесуваше околу 100 милиони евра, а првично вработи 350 вработени.
Економската соработка меѓу Македонија и Шведска ќе се надградува преку активности на Шведско-македонската стопанска комора која ќе биде динамичен мост за поврзување на компаниите, институциите и идеите од двете држави, беше истакнато неодамна на официјалната инаугурација на комората во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје. Промоцијата во државава следува по официјалниот старт на оваа комора во октомври во Стокхолм.






