четврток, 29 мај 2025

Најавена е средба со Таравари, за Мицкоски нема никакви проблеми во владината коалиција

Владината коалиција е одлична. Случувањата во Вреди нема да влијаат на стабилноста во владиното мнозинство. Одлуката на Арбен Таравари да ја напушти коалицијата со Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами нема да влијае негативно врз Владата во периодот што следи, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој ја најави и средбата со Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски најави дека наредниве денови ќе има средба со Таравари кога би требало да се знае дали тој ќе остане министер за здравство и местото на Алијансата за Албанците во владината коалиција.

Претходно и вицепремиерите Изет Меџити и Александар Николоски потврдија дека владината коалиција е стабилна. Тие порачаа дека турбуленциите во албанскиот коалициски блок немаат капацитет да го урнат мнозинството.

Николоски порача и дека за ДУИ нема место во актуелната владина коалиција, а партиите кои решиле да соработуваат со нив, вршат политичко самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ