Наградната игра ќе трае од 15 септември до 26 октомври и нуди уникатно искуство и дополнително ја зајакнува поврзаноста со потрошувачите. „Моја Кравица“ чоколадно млеко со децении е симбол на вкус и радост во секое семејство. Денес, тоа е бренд кој ужива доверба кај потрошувачите, препознатлив по својот автентичен вкус, врвен квалитет и топлина што ја внесува во секојдневните моменти, правејќи го омилен избор за малите и за големите.
Моја Кравица наградната игра секоја недела ќе носи нови радости: ќе се доделуваат по три iPhone 15 телефони, три PlayStation 5 и пет пакет производи, што ја прави оваа наградна игра една од највозбудливите досега. Најсреќниот добитник ќе замине на семејно патување во Дизниленд – дестинација што е симбол на фантазија и авантура и за младите и за возрасните.
Учеството во наградната игра е едноставно и лесно достапно за сите. Секој потрошувач што ќе купи кои било два производа од портфолиото на Моја Кравица (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг) добива право на учество во извлекувањата – сѐ што треба да направи е да го испрати бројот од фискалната сметка и времето на купување со назнака „Моја Кравица“ преку СМС на телефонскиот број 145 111.
Регистрацијата може да се направи бесплатно и преку веб-страницата на следниот линк: https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/, каде што се достапни сите информации за наградната игра. Извлекувањата ќе се одржуваат еднаш неделно, а добитниците ќе бидат објавувани секоја среда на официјалната веб-страница како и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk. Извлекувањето на главната награда е на 27 октомври.
Со оваа наградна игра, „Моја Кравица“ продолжува да ја гради својата силна врска со потрошувачите, нудејќи радост, изненадувања и моменти што остануваат во семејната меморија.
Комерцијален текст






