„Беше навистина прекрасно да ги видиме младите со толку љубов и гордост како зборуваат за своите македонски корени. Токму ова е целта за која вреди да се работи – да се зачува и негува македонскиот идентитет и култура меѓу Македонците во Албанија“, вели Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“.
Во категоријата литературни трудови, проза и поезија, првата награда ја освои Марија Сотири, втората Ѓорѓи Терпо и третата Кристијана Стојан. Најдобар ликовен труд беше оценет оној на Симона Јанкула, втората награда ја освои Марија Аго и третата Андонета Ристо.
Паричната награда за првите места изнесуваше по 50 евра, за второ 30 и трето место 20 евра. Сите учесници добија сертификати и соодветни податоци.

„Овој проект, нашето здружение го реализира со поддршка на Министерството за надворешни работи надворешна трговија на Република Македонија, на кое му изразуваме искрена благодарност за поддршката и за препознавањето на важноста од зачувувањето на македонскиот идентитет во дијаспората“, посочи Симонофска.
Изрази благодарност и до Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на Општина Пустец и долгогодишен борец за правата на Македонците во Албанија и до Нести Китани, координатор на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ за Корча, за нивната поддршка и присуство.
„Се гордеам со секое дете, со секој родител и со секој човек кој верува дека македонштината живее – и ќе продолжи да живее. Не застануваме со толку, со продолжуваме вакви незаборавни денови, кои ја исполнуваат со топлина и восхит нашата македонска душа“, порача Симонофски.
Трудовите ги оценуваше жири во состав Иван Терпо, Мирела Сотировска, Елена Китани и Кристо Цветко.






