Ова признание е значајно не само за Берово или Малешевијата, туку за целата земја. Туристичкиот сектор покажува како квалитетот и автентичноста градат мостови меѓу народите. Жирито, составено од туристички професионалци од целиот Балкан, ја препозна вредноста на македонското традиционално гостопримство и автентичната малешевска кујна како регионално богатство.
„Ова признание е доказ дека туризмот може да биде платформа за регионална соработка и меѓусебно почитување,” изјави амбасадорката на Македонија во Бугарија Агнеза Руси Поповска, која од името на организаторот, ја врачи наградата.

„Гостите од Бугарија, Грција, Србија и Косово не гледаат граници – тие бараат автентични искуства, а хотел ‘Манастир’ стана легенда за сите оние кои знаат што значи автентичното традиционално гостопримство и уникатното кулинарство”, изјави организаторката Патриција Кирилова, новинар и ПР експерт, најавувајќи ја наградата.
Хотелот „Манастир“ е сместен на 900 метри надморска висина во вистинска воздушна бања, стана симбол на она што македонскиот туризам може да го понуди – спој на традиција, природна убавина, професионален сервис и еко-гурмански малешевски деликатеси подготвени од локални продукти.
Признанието на балканско ниво очекувано ќе има директен економски ефект. Веќе активно се воспоставуваат релации со туристичките агенции од регионот кои ќе го промовираат Хотелот и Берово како премиум дестинација, кое пак неминовно ќе донесе зголемен туристички промет, работни места и промоција на македонските производи и традиција на пошироко регионално ниво.
„Кога гостите од Бугарија, Грција, Србија или Косово доаѓаат во Берово и се враќаат со восхитување, тие стануваат најдобри амбасадори на македонскиот туризам,” велат од локалната туристичката заедница.
Балканскиот туристички самит Balkan Awards of Tourism Industry 2025 се одржува веќе повеќе од деценија со цел да ги промовира врвните туристички објекти и иницијативи на регионално ниво и да ја поттикне соработката меѓу балканските земји во туристичкиот сектор.






