Инцидентот кој е пријавен до надлежните служби од страна на жител на Делчево се случил во доцните вечерни часови на 9 јули.
Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.
„Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти“, се вели во апелот од надлежните.