сабота, 13 декември 2025

Над Љубојно прекумерно се сече шумата

Во преспанското село Љубојно жителите веќе пет дена протестираат и го блокираат патот каде поминуваат камионите полни со дрва на, сппоред нив дивите сечачи на шума. Жителите на Љубојно велат дека се врши прекумерно сечење на шумата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Жителите велат дека за неколку дена речиси е уништена шумата на планината, а при поголем дожд може да дојде и до загадување на резервоарот на вода за селото. Тие се плашат дека масовната сеча може да предизвика поголема еколошка и инфраструктурна катастрофа. Сечата е запрена, но селаните немаат официјална потврда дека органите ќе интервенираат доколку некој повторно почне да ги сече дрвата над селото.

Учесниците на протестот од ЈП Национални шуми добиваат уверување дека се работи за планска сеча на шумата, дека е ангажирана професионална лиценцирана фирма. На ова жителите на Љубојно велат дека сечата може да го загрози и опстанокот на селото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ