Надлежните информираат дека за реализација се издвоени 900 илјади денари, што укажува на јасна општинска определба да се вложува во здравјето, правилниот раст и физичката активност на најмладите.
Проектот го спроведуваат 40 професори по спорт. Пливањето се спроведува во претпладневни и попладневни термини, усогласени со училишните смени, што ја прави програмата достапна за сите ученици без разлика на нивните дневни обврски.
„Преку овој проект учениците се стекнуваат со основни и напредни пливачки вештини, се подобрува физичката подготвеност и рекреативните навики, младите практикуваат здрав стил на живеење. Во услови кога физичката активност кај младите се намалува поради дигиталниот начин на живот, ваквите програми претставуваат клучен инструмент за враќање на спортот во секојдневието на децата. Долгорочно, ова може да придонесе за создавање генерации со подобри здравствени навики, поголема самодоверба и развиена спортска култура“, изјави раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.
Преку општинскиот Сојуз на училишен спорт обезбедени се реквизити за пливање и помагала и во соработка со специјална олимпијада Македонија одржана е основна обука за наставниците и за ученици со попреченост.






