Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.
„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.
Здравствените проблеми на вработени во РЕК Битола беа регистрирани денеска, а надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.






