четврток, 10 јули 2025

Над 70.000 земјоделци добија субвенции во вредност од над девет милијарди денари

Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени се над девет милијарди денари – субвенции на повеќе од 70.000 земјоделци, нагласуваат утрово од владината прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

„Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство. За една година, Владата и МЗШВ успеаја да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите“, се истакнува во соопштението.

Од владината прес-служба додаваат дека промените се очигледни и тие се случуваат.

„Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците. Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години, конечно имаат партнер. Го враќаме нивното изгубено достоинство. Ги градиме темелите на промените“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ