понеделник, 9 март 2026

Над 150.000 работници живеат во длабока сиромаштија, ССМ ги повика на протест во сабота

154.408 работници живеат во длабока сиромаштија, имаат плата под 30.000 денари и имаат огромна причина да протестираат за зголемување на минималната плата, се наведува воденешното соопштение на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) како најава за протестот што ќе се одржи на 14 март годинава.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од ССМ, според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), во Македонија бројот на работници кои примаат плата изнесува 503.031.

„Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а една третина од работниците живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни! Борбата на ССМ за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест“, велат од ССМ.

Од ССМ ги повикаа сите работници, нивните најблиски и тие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12:05 чaсот, од пред Работничкиот дом во Скопје кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

„ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати!“, се наведува во соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ