среда, 1 април 2026

Нацрт-верзиите на пакет-законите за високо образование поставени на ЕНЕР

Нацрт-верзиите на предлог-законот за високо образование, предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката и предлог-законот за научноистражувачка дејност се поставени на владиниот ЕНЕР-систем.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Во нив се интегрирани сите конструктивни и прифатливи предлози на академската заедница и експертската јавност, изнесени на организираните јавни дебати, многуте состаноци, отворените електронски адреси и преку ЕНЕР-системот. Претстои усогласување на предлог-законските решенија со другите засегнати институции и тела и по усвојување од страна на Владата, следува собраниска процедура на усвојување“, информира Министерството за образование и наука.

Во објава на својата веб-страница МОН им се заблагодари на „сите фактори што дадоа придонес во изработката на најдобрите верзии на новите законски решенија“.

„Тие се одговор на повеќегодишниот пад на квалитетот на високото образование и неактивноста на науката во Македонија, но и одговор на потребите на новото време. Грижата за образованието останува наша заедничка општествена одговорност“, наведува МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ